Background

Орландо Блум ќе оди сам на свадба, Кејти Пери е вознемирена

Иако сите очекуваа дека како пар ќе се појават на свадбата на своите пријатели Џеф Безос и Лорен Санчез, до тоа најверојатно нема да дојде. Пејачката Кејти Пери и глумецот Орландо Блум раскинаа по 9 години врска.

– Кејти и Орландо раскинаа, но остануваат во добри односи. Кејти е вознемирена, но ѝ олесна што не мора да минува низ уште еден развод зашто тоа беше еден од најтешките периоди во нејзиниот живот – рече извор близок до парот, пренесува Дејли мејл.

Односите меѓу двајцата не функционирале подолго време. Доказ дека меѓу нив не е сѐ сјајно е што Пери е видена сама на јахтата на Безос, на журка пред неговото венчавање со Лорен.

- Advertisement -
Ad image

Пријателките во април заедно беа на пат во вселената, што во јавноста беше претставено како „прв лет само со женска екипа“, а всушност се испостави дека е во прашање „моминско патување“ пред венчавката на Санчез, што на социјалните мрежи беше окарактеризирано како уште еден хир на богаташката.

Сепак, најавено е дека Орландо Блум на венчавката во Венеција ќе дојде сам, додека пејачката е на светска турнеја.

Орландо и Кејти беа заедно од 2016 година, а три години подоцна тој ѝ предложи брак. Во август 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дав.

Пред љубовта со Блум, Пери беше во брак со Расел Бренд, од кого се разведе во 2012 година откако тој среде турнеја ѝ пратил текстуална порака дека меѓу нив е завршено.

Друг извор неодамна изјави дека двајцата имале жестока расправија околу нејзиниот лет во вселената. За време на расправијата, тој ѝ рекол дека тоа е „срамота“ и дека целата работа изгледала смешно.

– Ѝ ги повреди чувствата. Секако дека беше повредена. Замислете да одите во вселената, а вашиот партнер да не биде импресиониран – изјави извор за Дејли мејл.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation