Обилните врнежи што синоќа и утрово го зафатија западниот и југозападниот регион предизвикаа серија свлечишта и одрони на повеќе делници, а најмногу проблеми имаше на патиштата Дебар–Струга кај Џепчиште и Кичево–Охрид во близина на местото Извор. На бројот за итни повици 112 биле евидентирани повеќе пријави од возачи кои заглавиле или забележале делови од патот блокирани од земја и карпи.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека веднаш по првите дојави биле алармирани екипите на „Македонија пат“, кои излегле на терен и почнале со расчистување за да се спречи поголема опасност и можни несреќи.
– Наврнатите количини дожд предизвикаа активирање на нестабилни терени. Нашите екипи цела ноќ се на локациите и работат на расчистување за сообраќајот да се одвива безбедно. Ги повикуваме возачите на зголемено внимание, особено на планинските и критичните делови од патиштата – изјавија од ЦУК.
Од Центарот додаваат дека состојбата се следи во реално време и дека е можно поради нови врнежи да се појават дополнителни свлечишта на терени кои и претходно биле ризични.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
