Background

Охридска политичка династија: “Јас, Тате и Бате” во новата сезона на театарот на апсурдот

Граѓани на Охрид, внимание! После неколкумесечна “хибернација”, нашиот локален политички феномен, Асен Шајн, конечно се појави од магла! И тоа каде? На еден локален медиум што веројатно има помалку гледачи од просечна родителска средба во градинка. Еве го претседателот на ОО СДСМ Охрид, бисерот од политичката династија “Јас, Тате и Бате”, со најновата епизода од серијалот “Како да ветувам решенија за проблемите што моето семејство ги создаде”.

Замислете, човекот имал образ да најави кандидатура за градоначалник со ист список на ветувања што го слушаме последните 15 години! Катна гаража, плоштад Крушевска Република и сообраќаен метеж – три коњаника на апокалипсата на охридската политика! Да не се смееме, ќе плачеме.

Да потсетиме: катната гаража што ја спомнува “младиот политички надеж” беше проект најавен уште кога “Тате” Боро Шајн беше десна рака на градоначалникот Петрески. Истиот тој “Тате” што успеа да направи милионски долгови во ЈП “Билјанини Извори” каде “докторски” се самоназначи за директор. Изгледа семејната филозофија е: “Зошто да градиш паркинг кога можеш да паркираш роднини на јавни функции?”

- Advertisement -
Ad image

А плоштадот Крушевска Република? Ах, тој митски плоштад! Започнат во времето на Константин Георгиевски (исто СДСМ, за оние со кратко помнење), кога беше остранета постоечката инфраструктура, а потоа… ништо. Четири години владеење на СДСМ со Охрид, и плоштадот остана само дупка во центарот на градот – совршена метафора за нивните ветувања.

За улиците да не зборуваме. 15-ти Корпус, Македонски Просветители, Гоце Делчев… Сите чекаа подобри времиња,додека новото гарсдко раководтсво предводени од Пецаков не ги заврши, додека фамилијата Шајн ужива: “Тате” во пензионерски денови, “Бате” ужива во собрани адвокатски паушали од јавни претпријатија и здравствени установи, а “Јас” сонува за градоначалничката фотелја.

И сега, откако години наназад семејството си ги обезбеди сите можни “бенефити”, младиот Шајн наеднаш се загрижил за сообраќајниот хаос во Охрид! Човекот кој доаѓа на работа со службено возило се загрижил за граѓаните што се гушат во сообраќај! Каква иронија! Тоа е како пирати да се жалат на несигурноста на морињата.

Охридската политичка драма продолжува, а главните актери остануваат исти. Не е прашањето дали Асен Шајн ќе стане градоначалник, туку дали конечно некој ќе му објасни дека Охрид не е семејна фирма, а граѓаните не се вработени во неговото семејно претпријатие.

Но, ако ништо друго, барем знаеме дека на следните избори ќе гласаме не само за кандидат, туку за цела династија. Гласаш за еден, добиваш тројца – “Јас, Тате и Бате”. Каква понуда – три за цената на еден! Само во Охрид, само со СДСМ!

Граѓани, запомнете – кога ќе ви зборуваат за катни гаражи, прашајте ги за катните долгови што ги оставија зад себе.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation