Охрид и Македонија се збогуваат со една од своите најмаркнтни личности, на 82 годишна возраст ,денес во Охрид почина Методија Бараковски – Менде.
Баракоски е еден од најистакнатите луѓе од културниот и музичкиот живот во Охрид и Македонија. Целиот свој работен век го посвети на најмладите таленти во Охрид и Македонија,професор по виолина, раководител на КУД „Ѓердан„ и хорот „Распеано ѓерданче“,тоа беше само еден дел од Методија Баракоски- Менде.
Оилениот лик кај плејада од геенерации кој излегоа од музичката школа на Охрид,вљубеник во својот град, вљубеник во етнолошкото наследство на Македонија,кој никогаш не знаеше да биде наљутен, намуртен, секогаш насеан и позитивен.
Методија Бараковски – Менде ,како водач и кореограф на едно од најстарите Играорни друштва во Македонија и на Блакан ,КУД „Герадан“ од Охрид ,беше и своевиден амбасадор на Македонија ширу светот.За него ќе говори охридската чаршија, охридската калдарма, за него ќе говори неговата најголема љубов- Виолината,за него ќе раскажува Охрид и Македонија со векови,едноставно Охрид го загуби својот музички гение.
Чичко Менде , почивај во мир,знам дека ќе почиваш онаму каде почиваат праведниците во царството господово,а ние , ние ќе се сејќаваме и спомнуваме за се она што остави на идните генерации.