Background

ОХРИД ДОМАЌИН НА НАСТАНОТ „КОНЗУЛСКИ МОЗАИК“

Воспоставување на соработка помеѓу Охридската локална самоуправа, конзуларните претставништва, бизнис секторот и промоција на професијата Конзул, беа целите на настанот „Конзулски мозаик“ кој се одржа денеска во Општина Охрид.

На настанот свое обраќање пред присутните дипломати и гости имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

-Чест и задоволство ми е што денес сме собрани тука, во срцето на Охрид – градот кој како жив мозаик ги спојува културата, историјата и соработката. Настанот „Конзулски мозаик“ не е само симболично име, туку вистинска слика на тоа што значи поврзување, меѓусебно почитување и визија за заедничка иднина.

- Advertisement -
Ad image

Конзулската служба е повеќе од професија – таа е мост меѓу народите, чувар на пријателството и отворена врата за соработка. Вашата мисија, почитувани конзули, е благородна и значајна – таа ги гради темелите на меѓународната комуникација, ја негува добрата волја и носи нови можности за партнерства, инвестиции и размена на знаење и искуства.

Нашиот град – бисерот на Балканот, под заштита на УНЕСКО – не е само културно и природно богатство на Македонија, туку и скапоцен камен на светската мапа. Со своите древни цркви, со езерото што ги поврзува вековите, Охрид е соодветен домаќин на вакви настани кои нe обединуваат.

Денешниот настан е чекор кон продлабочување на соработката меѓу конзулите, локалната самоуправа и бизнис заедницата. Тоа е платформа што отвора хоризонти, гради мрежи на доверба и создава услови за развој и инвестиции.

Дозволете ми да изразам голема благодарност до организаторите на овој настан, со надеж дека истиот ќе биде организиран и во иднина и ќе придонесе за уште поголема и поуспешна промоција на Охрид.

Верувам дека овој „Конзулски мозаик“ ќе биде една појдовна точна на поголема соработка, симбол на поврзување и поттик за едно посветло и заедничко утреистакна Божиновски во своето обраќање.

Говорници на настанот беа Михајло Филев, почесен конзул на Република Србија во Охрид, Абдураман Бајрактар, почесен конзул на Република Турција во Охрид, Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата за странски компании со технолошко напредно производство. Во рамки на настанот, гостите имаа можност да проследат Презентација на можностите и перспективите за инвестиции во Охрид од страна на Ѓоко Трпески, Советник во одделението за Локален економски развој, при Општина Охрид.

Настанот „Конзулски мозаик“ беше во организација на „Консалтинг Адвертајзинг Тајм“ под слоганот „Обединети кон мир и меѓусебна соработка“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation