Синамандла Зонди, 22-годишниот играч на јужноафриканскиот клуб Дурбан Сити, почина откако му се слоши за време на загревањето пред лигашкиот натпревар во втората лига на земјата.
Без никакви претходни проблеми, Зонди и неговите соиграчи од Дурбан Сити нормално се загреваа во пресрет на првенствениот натпревар против Милфорд. Младиот фудбалер во еден момент паднал на тревникот и итно бил префрлен во блиската болница.
Во меѓувреме започна натпреварот помеѓу Дурбан Сити и Милфорд, но беше прекинат на полувремето кога и официјално беше објавена веста дека Зонди починал. Причината за неговата смрт се уште не е официјално позната.
Зонди беше еден од најдобрите играчи на Дурбан Сити, екипа која моментално е на првото место на табелата во втората лига и е прв фаворит за влез во елитната класа на јужноафриканскиот фудбал. Во тековната сезона, дефанзивецот Зонди одигра 24 првенствени настапи за својот тим и постигна два гола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
