Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.
Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.
Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како и координаторот на советничката група на опозицијата, Живка Ангелеска.