Од вторник во Македонија ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометоролошки работи.
До вторник, пак, ќе остане посвежо времето, со температури под просекот за октомври.
Времето утре ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.