Утре нѐ очекува стабилно и пријатно време. Според Управата за хидрометеоролошки работи, понеделник ќе биде сончев и топол, со дневни температури кои на повеќето места ќе се искачуваат над просекот за овој период од јуни.
– Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за благ пад на влажноста и чувство на свежина во утринските часови – велат од УХМР.
Минималните утрински температури ќе се движат од 7 во Берово до 18 степени во Гевгелија, а максималните дневни од 25 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Гевгелија..
Во Скопје, метеоролозите најавуваат сончево и топло време, со слаб северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи околу 35°C, додека минималната ќе биде околу 14 степени.
За утре се препорачува лесна облека, доволно течности и избегнување на директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот (11–17 часот).
Веќе од вторник па се до крајот на работната недела, максималната температура во земјава ќе се движи до 40 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
