Од полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,50 денари по литар, на дизелот за 1 денар, а на нафтата за домаќинства за 2 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,50 денари по литар, на дизелот за 1 денар, а на нафтата за домаќинства за 2 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Така од полноќ цената на бензинот  „еуросупер – 95 “ќе изнесува  77,50 сенари по литар, на  „еуросупер – 98 “ 79,50  денари, а на дизелот  73,00 денари. Маслото за горење  ќе чини 72,00 денари, а мазутот 41,687 денари по килограм.

Според РКЕ, просечното зголемување а цената на горивата, според последната пресметка е 2%.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за 2,172%, кај екстра лесното масло за 6,442% и кај мазутот зголемувањето е за 2,609%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578%.

Share This Article