Background

Од 15 август стартува „училишната кошничка“

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало.

Како што соопшти Дурмиши, мерката важи за сите видови продавници кои продаваат училишен прибор –  книжарници, супермаркети, спортски продавници, а опфаќа широк спектар производи: тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, ножици, лепак, папки и други основни материјали.

Секој производ што ќе биде опфатен, напомена Дурмиши, ќе биде јасно означен со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, а во сите продавници ќе биде поставен плакат со информации за мерката, за потрошувачите да имаат целосна и транспарентна слика.

- Advertisement -
Ad image

Дурмиши појасни дека цените ќе се споредуваат со референтната цена од 1 јуни 2025 година или со набавните документи за поново внесени производи. Тоа значи дека намалувањето е реално, проверливо и фер – и за потрошувачите и за трговците.

-Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете да почне со училишните обврски под еднакви услови, а родителите да почувствуваат конкретно олеснување – рече Дурмиши.

Според него, кошничката е насочена кон заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година.

– Оваа мерка е дел од поширокиот системски пристап на Владата да интервенира таму каде што трошоците се највисоки, а потребите најголеми. Минатогодишната „училишна кошничка“ беше исклучително успешна – заштедите по ученик изнесуваа од 750 до 2 000 денари. Секоја семејна заштеда значеше повеќе можности за децата, а помал притисок за родителите – потенцира Дурмиши.

Тој рече и дека целта останува иста – да им се овозможи на сите ученици еднаков и достоинствен почеток на учебната година, без финансиски бариери.

-Продолжуваме со следење на состојбите на терен, анализи и дискусии за нови мерки, секогаш водени од интересот на граѓаните. Образованието треба да почне со насмевка, а ние сме тука да помогнеме тоа навистина да се случи – рече Дурмиши.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation