Background

Обвинителството отвори истрага за смртта на 42-годишниот маж од Тетово, чието тело вчера беше најдено во паркирано возило „ауди q5“ во атарот на селото Нераште

Обвинителството отвори истрага за смртта на 42-годишниот маж од Тетово, чието тело вчера беше најдено во паркирано возило „ауди q5“ во атарот на селото Нераште. Од институцијата соопштуваат дека има сомневања дека станува збор за убиство и дека веќе се издадени неколку клучни наредби за откривање на сторителот.

Од Обвинителството информираат дека е извршен увид на лице место и дека се работи интензивно на собирање траги.

– Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува – велат од институцијата.

- Advertisement -
Ad image

Безживотното тело на А.Б. (42) било забележано вчера околу 16.15 часот од полициски службеници при рутинска контрола. Возилото било запрено во поле покрај локалниот пат и веднаш се забележало дека нешто не е во ред. На стаклото од возачката страна имало дупка од куршум, а мажот бил облеан со крв во пределот на главата.

СВР Тетово соопшти дека првичните сомневања укажуваат дека мажот бил застрелан со огнено оружје.

Случајот го пријавила неговата сопруга Б.Б. (33) околу 2 часот по полноќ, откако А.Б. не се вратил дома и престанал да одговара на телефонските повици. Таа изјавила дека последен пат го видела претходната вечер околу 18 часот, кога заминал со автомобилот.

Полицијата веднаш почнала да го бара возилото, а неколку часа подоцна било пронајдено токму од страна на патрола во Теарце.

Обвинителството најавува дека истрагата се интензивира и дека ќе биде познато повеќе откако ќе бидат анализирани снимките, балистичките траги и резултатите од обдукцијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation