Пејачката Дуа Липа неодамна настапила во Лос Анџелес, каде камерите снимиле инцидент што се случил кога ѕвездата се приближила до публиката. Дуа сакала да ги поздрави своите обожаватели, па се сликала со некои од нив.
Сепак, посебниот момент со обожавателите бил прекинат од потегот на маж кој несоодветно ја допрел. Мажот бил во првиот ред кога пејачката му се приближила и го прегрнала. Прво ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа ја спуштил пониско, кон нејзиниот задник.
Обезбедувањето кое било до Дуа веднаш ја тргнало неговата рака од пејачката.
Видеото од тој момент стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го осудија однесувањето на мажот.
– Ова буквално ми го превртува стомакот… Дуа само се обидува да се приближи до своите обожаватели, а некои луѓе го сфаќаат тоа на најлош можен начин. Ги мразам таквите луѓе – напишала девојката која прва го објави видеото на X.
Пејачката моментално е на својата „Турнеја „Радикален оптимизам“. Таа ја започна турнејата во ноември 2024 година во Сингапур, а својот последен концерт ќе го одржи во декември оваа година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
