Background

Објавена „Записи од надземјето: чудесии“ – новата книга од Божин Павловски во издание на МАНУ и „Матица“

Македонската академија на науките и уметностите и „Матица македонска“ ја објавија книгата „Записи од надземјето: чудесии“ од академик Божин Павловски. Станува збор за книга со записи коишто не се само огледало на повеќедецениската опседнатост на Павловски со македонските работи како што има нагласено академик Гане Тодоровски, туку се и изворници на факти и ставови што се клучни за македонската историја, особено за периодот непосредно пред и по осамостојувањето на Македонија до денес. Ова е прва книга на Павловски од ваков вид, записи во кои се преплетуваат публицистичкото и документарното со белетристичкото мајсторство, но е резултат на неговата целоживотна посветеност како активен чинител, гласен, остар и објективен критичар на македонската општествена стварност, а не нем набљудувач на настаните.

– Незамисливо е творецот да биде исклучен од настаните што ја одбележуваат неговата епоха. Во нашиов случај, кога транзиционите процеси им се закануваат на основните вредности, недозволено е да се молчи или премолчува. Треба да се искористат сите изразни форми за да се влијае на прогресот, како што ќе нагласи и самиот Павловски.

Книгата „Записи од надземјето: чудесии“, всушност, овозможува и поттикнува да се согледа и колку македонската општествена стварност би била поинаква ако во децениите зад нас, особено оние на македонската самостојност, навремено се чуеше и разбереше гласот на македонскиот интелектуалец при носењето судбоносни одлуки за државата.

- Advertisement -
Ad image

Со објавување на своите записи, како одделен жанр, покрај расказите, а потоа и романите, Божин Павловски започнува уште во 1962 година, а своите први вистински колумни ги има објавено во 1988 и 1989 година. Од тој перод наваму, Божин Павловски, неуморно, со години алармира, апелира и анализира, во неговите записи за коишто меѓу првите афирмативно се има изјаснето академик Георги Старделов. Македонската јавност, сега, преку книгата „Записи од надземјето: чудесии“ за првпат има можност голем дел од тие записи да ги прочита на едно место, а со тоа и да има поцелосна слика не само за ставовите и улогата на Павловски во изминатите децении, туку и за македонската реалност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation