Обилните врнежи што ја зафатија државата предизвикаа сериозни поплави во повеќе региони, при што најкритична е состојбата во Ресен

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обилните врнежи што ја зафатија државата предизвикаа сериозни поплави во повеќе региони, при што најкритична е состојбата во Ресен, каде што се поплавени над 50 домаќинства, визби, магацини и земјоделски површини, по излевањето на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени.

Екипи на јавни претпријатија и приватни фирми се на терен со механизација – четири багери, седум пумпи и дополнителни приватни пумпи за испумпување вода. На регионалните патишта има огромни наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет. Нивото на Голема Река достигна 2,1 метар, со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква. Од ЈКП „Пролетер“ предупредуваат дека квалитетот на водата е нарушен и привремено не се препорачува за пиење. ТППЕ Ресен интервенираше во Дрмени со две возила и пет пожарникари.

Сериозна состојба е пријавена и во Битола, каде што екипите работат во повеќе подпелистерски села, меѓу кои Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени и други. ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на Драгор кај Долно Оризари, а на мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад за да се овозможи поголем проток. Поради вода на коловозот, затворени се делниците Лера–Доленци и патот кон Цапари. Нивото на реката Црна се искачи на 2,7 метри, а Водовод-Битола работи на дефект кој остави без вода повеќе населени места од Кравари до Меџитлија. Преку Е-112 се пријавени поплавени подруми, дворови и ризични канали.

Во Демир Хисар, реката Црна се излеа кај селото Жван, при што се поплавени земјоделски површини. Екипите расчистуваат одрони на патиштата Базерник и Вирово, кои сега се проодни.

Во Прилеп, пријавено е уривање таван во куќа на улицата „Кајмакчалан“, поради долготрајните врнежи. Надлежните служби излегоа на терен.

Во Охрид, евидентирани се повеќе интервенции на поплавени домови, а иако дождот престанал, реките и натаму се со висок водостој.

Во регионот на Куманово, службите расчистуваат големи одрони на патиштата кон Крива Паланка и Кратово, а водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, но без излевања.

Во Скопје, реките се покачени, но состојбата е стабилна и под контрола.

Од Струмица, пријавени се три одрони на патот кон Валандово, кои веднаш биле проследени до надлежните служби.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article