Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили.
По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти.
Примирјето во Кашмир пред 2 дена беше најавено од претседателот на САД, Доналд Трамп, по четиридневните меѓусебни напади, дипломатија и притисок од Вашингтон.
Исламабад му се заблагодари на Вашингтон за олеснувањето на прекинот на огнот и ја поздрави понудата на Трамп за посредување во спорот со Индија за Кашмир. Но, Њу Делхи не го коментираше учеството на САД во примирјето. Индија тврди дека споровите со соседите треба директно да се решаваат, а не со посредство на трета страна.