Внимавајте попладне и утре, Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт аларм за силен ветер, кој ќе дува со брзина од над 60 километри на час!
„До крајот на денот, во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час“, се вели во метеоалармот на УХМР.
Жолтото предупредување се однесува на североисточниот, источниот и на југоисточниот дел од Македонија.
Од утре времето ќе биде стабилно и студено, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под минус 10 степени.