Background

Ниските приходи и бирократијата го прават неинтересен секторот

Во ЕУ само околу 12% од земјоделските стопанства се водени од млади луѓе. Сличен е процентот и кај нас. Ова станува се поголем предизвик поради што е во фокусот и на новата визија на Унијата за иднината на агро секторот до 2040 година. Целта е да се поттикне поуспешен трансфер на новите генерации во земјоделството, беше речено на денешната 13. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој.

Како што посочија учесниците, 57 години е старосниот просек на „младите” фармери кои раководат со земјоделските стопанства.

Земјоделството е недоволно атрактивно поради неизвесноста на приходите, сложените бирократски процедури и регулаторните барања, а претприемништвото, иновациите, дигитализацијата и новите алатки, се само некои од начините за подобрување на состојбата.

- Advertisement -
Ad image

– Се соочуваме со слични предизвици како оние во ЕУ. И кај нас  околу 12 отсто од земјоделските стопанства се водени од млади луѓе. Неизвесната перспектива за одржливи приходи, сложените регулаторни барања и бирократските оптоварувања, ниската профитабилност што ги попречува инвестициите, родовиот јаз, недостигот на пристап до основни услуги во руралните области и други тешкотии во професијата, се факторите кои го прават земјоделството се понепривлечно за младите генерации – напомена професорката од Факултетот за земјоделски науки и храна Александра Мартиновска Стојческа.

Таа потенцира дека визијата на ЕУ е креирање привлечен агро-сектор за младите.

– Темата за младите е многу емотивна. Каков е тој сектор или иднина без младите во неа? – рече професорката.

Според словачката амбасадорка Ивета Хрицова, земјоделството е многу важно за македонската економија и култура.

– Земјоделството е многу добра можност за развој на земјата и поголема конкурентност. Словачка дава голема поддршка тука, не само финансиска, туку и стручна. Помагаме земјата да ги исполни условите, особено во агро секторот – нагласи Хрицова, укажувајќи на важноста на младите луѓе кои, рече, се локомотивата на државата.

Професорката од Филозофскиот факултет и национален координатор на НКЕУ-МК Милева Ѓуровска нагласи дека земјоделството е примарен сектор кон кој државата треба да се однесува многу внимателно.

-Не може денес да се очекува дека новите генерации ќе го прифатат селскиот живот како судбина, како што било порано, и ќе продолжат со земјоделството како економија на преживување. Тоа е веќе минато. Уште во седумдесетите години се истакнуваше дека земјоделецот во Европа не постои како традиционален пример, туку дека е земјоделски производител, а селото престанува да биде затворена заедница. Демографските трендови особено во последната декада се загрижувачки. Анкетите покажуваат дека младите не се гледаат во средина во која би споделувале само несигурност и затоа бараат алтернативи, а денес алтернативи постојат многу. И во многу европски држави има слични проблеми, но не со таков обем и интензитет за да не може да се репродуцира земјоделството како економска гранка – подвлече Ѓуровска.

Ставовите на младите земјоделци од земјава се поделени, едни сметаат дека интересот за земјоделство кај младите се намалува, а други дека во последните години бележи раст.

– Се намалува интересот за занимавање со земјоделство поради стереотипите – дека е тешка работа, дека е ниско профитабилна. Сепак, најголема причина е недостигот на знаење, едукација, експертиза и информации. Решенијата ги гледам во поддршка на младите и руралните средини. Потребна е поддршка која младите „ќе ги застане на нозе“ и ќе им овозможи услови да почнат бизниси во земјоделството. Но, не е доволна само финансиска поддршка, потребни се и знаење, маркетинг и пазарен пристап – изјави Горан Балески, претседател на Прва органска задруга Валандово.

Иван Додевски кој е професионален пчелар, вели дека има се поголем интерес кај младите за пчеларење,

– Предизвик е да се биде пчелар, но треба да се подобри едукацијата на производителите и на потрошувачите, да се даде поголема поддршка во однос на опремата за да ги зголемиме производните капацитети. Во последно време, зголемен е интересот кај младите за пчеларството – рече Додевски.

На денешната дебата учествуваат македонски и словачки експерти по земјоделство, како и претставници на младински организации, земјоделски здруженија, млади фармери, академската заедница, граѓанскиот сектор и други меѓународни партнери. Се очекува преку инклузивен дијалог да се изградат заеднички идеи и препораки за создавање подобра средина за младинско претприемништво во руралните средини и за зајакнување на улогата на младите како лидери и иноватори во своите заедници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation