Топ Вести - Слушај сега
Градежништвото бележи раст од 14,6% во последниот квартал од 2025 година во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатишта, железница, регионални и локални патишта и голем број комунални проекти. Тоа ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти.
Ова на социјалните мрежи го напиша министерот за транспорт и врски Александар Николоски коментирајќи ги официјалните податоци на Државниот авод за статистика за растот на БВП во последниот квартал од 2025 година.
„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат). Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст. Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 % што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме“, пишува Николоски
Тој во објавата најавува дека следуваат нови инфраструктурни проекти.
Tagged as:
Николоски најавува нови инфраструктурни проекти
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
