Никол Мејнс (28) е американска актерка, писателка и активистка за права на трансродовите лица, која стана една од најпрепознатливите јавни личности во рамките на ЛГБТК+ заедницата преку нејзината работа.
Родена е во 1997 година во Гловерсвил, Њујорк. Таа е трансродова и започнала да транзитира како дете. Таа веќе јасно го изразувала својот родов идентитет во основно училиште, а нејзината приказна доби национално внимание кога, како тинејџерка, беше централен дел од историската судска пресуда Doe v. Regional School Unit 26 – првиот случај во Соединетите Држави во кој судот пресуди дека училиштето мора да му дозволи на трансродово дете да го користи тоалетот во согласност со својот родов идентитет. Случајот го промени правецот на училишните политики низ Соединетите Држави.
Никол стекна светска слава со улогата на Ниа Нал Дример во популарната серија „Supergirl“, станувајќи првиот трансроден суперхерој во телевизиската историја.
Потоа актерката се појави и во серијата The Flash, а потоа и во познатата серија Yellowjackets, каде што ја играше Лиза. Многумина се интригирани и од нејзиниот љубовен живот.
Она што е познато е дека таа била во врска со ѕвездата на „Тик-Ток“, Натан Вир, а неодамна се појавија гласини дека двојката раскинала, меѓутоа, ниту еден од нив не ја потврди оваа информација.
Tagged as:
Никој не може да верува дека оваа актерка го променила полот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
