Невреме, проследено со силен ветер и обилен дожд попладнево ја зафати територијата на Албанија, што услови прекин во воздушниот,поморскиот и на делови од патниот сообраќај.
„Силното невреме што ја погоди Албанија, предизвика привремен прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Тирана. Пистата е погодена од силен ветер и дожд, што го оневозможува нормалното функционирање на летовите. Властите ги прекинаа летовите додека не се подобрат временските услови“, објави Евроњуз Албанија (euronews.al).
Невремето кое предизвика големи бранови услови прекин и на поморските сообраќај.
Во пристанишниот град Драч, како и во Тирана и други делови на земјата ветрот носеше се пред себе. Има паднати дрвја, а во повеќе делови има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат максимална претпазливост и строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Советуваат, граѓаните, без поголема потреба да не излегува од домовите, бидејќи “улиците се преполни со вода и паднати дрвја, гранки и лимени покриви”.
„Вработените во сите локални полициски дирекции, противпожарните бригади и локалните власти се на терен, за да обезбедат помош и поддршка. Во случај на потреба јавете се на бесплатниот телефонски број112″, се наведува во апелот.
Според медиумите поради невремето голем број туристи го напуштаат крајбрежјето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
