Background

Невидливите граѓани: Лицата со попреченост отсутни од изборните ветувања

Додека политичките партии се натпреваруваат со ветувања за катни гаражи и плоштади, една голема група граѓани останува целосно игнорирана во изборните кампањи

Локалните избори се во полна пареа. Политичките партии, нивните лидери и кандидати за градоначалници повторно излегоа на терен со стари, излитени ветувања кои ги слушаме секој изборен циклус. Катни гаражи, плоштади, канализации, патишта – иста приказна, различна година,ист народ кој слуша, а тешко памети.

Стара песна на старо гудало

Изборната реторика е предвидлива до болка. Секој кандидат се фали колку канализации изградил, колку метри патишта асфалтирал, колку училишта реновирал. Како да се работи за некакви вонредни инвестиции, а не за основни комунални услуги за кои граѓаните редовно плаќаат даноци и комуналии.

- Advertisement -
Ad image

Слушаме ветувања за решавање на канализацијата во средини кои немаат канализација повеќе од 30 години – што е срамота сама по себе. Слушаме за инвестиции во спортот, додека кладилниците цветаат на секој агол. Слушаме за базени, скијачки центри, реконструкции. Ветувања, обвинувања едни врз други, лицитации со капитални проекти. Истата магла, различно пакување.

Прашањето кое никој не го поставува

Но среде целата оваа изборна галама, постои едно прашање кое никој не го поставува: Каде се лицата со попреченост во овие изборни програми? Зошто ниту една партија не ги споменува нивните потреби?

Одговорот е тежок и непријатен: Северна Македонија е една од најретките земји во Европа која воопшто не води никаква грижа за лицата со попреченост.

Суровата реалност

Бројките зборуваат сами за себе. Во 80% од државните институции нема решен пристап за лица со попреченост. Нема соодветен јавен превоз. Нема доволен број паркинг места, а тие што постојат се узурпирани, додека фирмите кои стопанисуваат со паркинг простор и сообраќајната полиција едноставно не се интересираат.

Во јавните здравствени установи – местата каде што овие граѓани најмногу одат – не постојат паркинг простори за лица со попреченост. Низ раскрсниците нема звучни семафори и соодветно одбележани пешачки премини за лица со оштетен вид. Никаде нема одбележани стази за движење на лица со попреченост со колички.

Не постои државен или општински регистар на лица со попреченост. Поточно, нема изградено никаква инфраструктура.

Дигиталната бариера

Ниту една општина нема формирано дигитална пристапност за лица со попреченост. За секој документ, овие граѓани се принудени да висат пред општинските згради и другите институции со денови. Во 21-от век, додека зборуваме за е-услуги и дигитализација, еден дел од граѓаните е целосно исклучен од овој процес.

Не постои никаква кампања за едукација и подигање на свеста за потребите на лицата со попреченост. Општеството едноставно се преправа дека овие граѓани не постојат – освен на денот на изборите.

Граѓани кога треба глас, невидливи кога требаат права

Тогаш, одеднаш, лицата со попреченост стануваат интересни. Се регистрираат да гласаат од дома, со ветувања дека ќе биде подобро. Но подоцна? Ништо. Никакви конкретни политики, никакви мерки, никакви решенија.

Едно едноставно прашање до сите партии на власт: Колку лица со попреченост имате вработено во јавната или државна администрација?

Одговорот е срамен и жалосен.

Наместо заклучок

Додека политичарите се натпреваруваат кој повеќе метри канализација ќе изгради, стотици илјади граѓани со попреченост живеат во земја која не ги признава како еднакви членови на општеството. Живеат во земја која не им обезбедува основни услови за достоинствен живот.

Ова не се луксузни барања. Ова се основни човекови права. Но во Македонија, изгледа, и основните права се предмет на политички калкулации и изборни циклуси.

Се изнаслушавме за катни гаражи. Време е да слушнеме и за пристапни згради. Време е лицата со попреченост да станат видливи – не само на изборите, туку секој ден во годината.

Сашо Денесовски-Претседател на СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation