Нетанјаху изјави дека се подготвени да ги ослободат заложниците

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивни операции во Појасот Газа и соопшти дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп по одговорот на Хамас, објавија израелските медиуми.

„Како резултат на одговорот на Хамас, Израел се подготвува за итна имплементација на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници“, се вели во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во меѓувреме, американскиот претседател објави видео порака во која вели дека според мировниот план за Појасот Газа „сите страни ќе бидат третирани фер“.

– Денеска е одличен ден. Ќе видиме како ќе се развива. Сега треба да ги финализираме деталите – истакнува Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social, откако Хамас соопшти дека делумно го прифатил неговиот предлог.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, изјави дека одговорот на Хамас на планот на Трамп покажува дека групата е „подготвена за мир“, објави израелската новинска агенција TПС.

Израелската армија соопшти дека добила инструкции да се подготви за спроведување на првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.

„Во согласност со упатствата на политичкото раководство, началникот на Генералштабот даде упатства за подготовка за спроведување на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на заложниците“, соопшти ИДФ.

Share This Article