Израел ќе одговори силно на Иран за утринскиот балистички ракетен напад врз голема болница, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Терористичките тирани на Иран лансираа ракети врз болницата Сорока во Бершеба и врз цивилите во централниот дел од земјата“, напиша Нетанјаху на социјалните мрежи.
Тој додаде дека „тираните во Техеран ќе платат скапо“ за нападот, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелска болница во Бершеба беше погодена утрово во најновиот ирански балистички ракетен напад врз Израел, а повеќе од 30 лица беа повредени во нападите низ целата земја, од кои четворица сериозно, соопшти медицинската служба Маген Давид Адом (МДА).
Две лица, маж на возраст од 80 години и жена на возраст од 70 години, се однесени во болница во сериозна состојба, додека уште 30 лица се полесно повредени, претежно од експлозии и шрапнели, соопшти МДА.
Во посебен извештај, болничарот Јоси Шило рече дека неговиот тим наишол на голема материјална штета на градилиште. Жена на возраст од 60 години, исто така, била лекувана таму и била однесена во болница во „сериозна, но стабилна состојба“.
Покрај Бершеба, ракетите ги погодија и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, објавија израелските медиуми.
Во меѓу време Иран соопшти дека главната цел на утринскиот ирански напад врз Израел било седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ, како и разузнавачкиот камп на армијата во технолошкиот парк Гав-Јам. Иран ги негира извештаите на израелските медиуми дека иранскиот напад погодил болница, наведувајќи дека е погодена локацијата каде што се распоредени израелски војници.
Tagged as:
Нетанјаху е бесен поради нападот врз болницата во Бершеба
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖