Непознато лице измамило 62-годишна битолчанка и упеало да ѝ одземе поголема сума пари, информира МВР.
Измамникот ѝ се јавил на жената на телефон, се претставил како лекар во здравствена установа и ѝ рекол дека нејзината ќерка е сместена кај нив, откако била тешко повредена во сообраќајна незгода.
Лажниот лекар ѝ рекол на битолчанката дека нејзината ќерка мора итно да биде оперирана, но дека за тоа таа ќе мора да плати 27.000 евра. Битолчанката ги однела парите на договореното место, му ги дала на трето лице, а откако се слушнала на телефон со својата ќерка сфатила дека е измамена.
Случајот е пријавен во СВР Битола на 9 октомври и се преземаат мерки за негово расчистување, информира МВР во дневниот билтен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
