Background

Бешлиовска: Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри

Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри, изјави на денешната прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Прес-конференецијата беше по повод Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

– Многу е важен моментот со конкурсите што ги очекуваме сега во текот на месец април за да се решат статусите на сестрите коишто се со договор на дело во овој момент во болниците, коишто чекаат и секојдневно се јавуваат во унијата и во здружението и ја очекуваат и понатаму нашата поддршка – додаде Бешлиовска.

- Advertisement -
Ad image

Тоа дека медицинските сестри се многу важни, како што беше истакнато, се покажало и со последната трагедија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март и зеде 60 жртви.

Прашана за просечната плата на сестрите, таа рече дека тоа зависи од неколку фактори.

– Ајде да речеме дека една средна противденарска вредност на нивното бодирање можеби некаде околу 29 до 30.000 денари е стартната плата за една сестра со средна стручна спрема, рече таа, но и тоа зависи од повеќе фактори – рече претседателката на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation