Background

Нема влез во Грција од 11 до 15 и од 17 до 21 часот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

Првата блокада ќе трае до 16 часот по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе го затворат граничниот премин од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

Во деновите околу Божиќ беа отворени автопатишта и гранични премини, а земјоделците од вчера одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција и се очекува и за Нова година, односно од вторник до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

Од 57 блока низ цела Грција, 14 од нив, како и четири земјоделски здруженија, по состаноците одржани вчера бараат дијалог со Владата, објаснувајќи дека ова не значи дека се отцепуваат од заедничкиот фронт и појаснуваат дека станува збор за иницијатива за создавање услови за започнување дијалог.

Меѓу овие 14 блокови кои поддржуваат дијалог се и земјоделците на граничниот премин Евзони.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation