Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.
Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе биде укинато од 5 март, пренесува Ројтерс.
Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.
Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран за време на викендот, по што Техеран ја затвори пловидбата низ Ормускиот Проток, клучна точка за глобалниот транспорт на нафта и гас.
Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи од тогаш ја запреа испораката на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку теснецот, а сателитските податоци покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.
Податоците за следење на бродови од вчера покажуваат дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормускиот Проток.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
