Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во музејот на минијатури во германскиот град Хамбург, една од најпознатите туристички атракции во овој северногермански град

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во музејот на минијатури во германскиот град Хамбург, една од најпознатите туристички атракции во овој северногермански град, пренесе ДПА.

При инцидентот повредени се 46 лица, соопшти портпарол на полицијата, додавајќи дека тие добиле лесна иритација на дишните патишта. Едно лице е префрлено во болница.

Пожарникарската служба ја евакуирала зградата во квартот „Шпајхерштат“, но половина час подоцна објавила дека повторно е дозволено влегувањето.

Извршителот останал непознат, иако на местото на инцидентот е пронајден гасен патрон, изјави портпаролот.

Во моментот, површината на музејот „Минијатур Вундерланд“, кој претставува модел на железнички јазол, се простира на повеќе од 1.600 квадратни метри. Туристичката атракција располага со железничка пруга долга приближно 17.000 метри и ќе се проширува дополнително во следните години.

Проектот е започнат од браќата Герит и Фредерик Браун во 2001 година и оттогаш постојано се развива. Само во 2024 година, речиси 1,6 милиони луѓе од целиот свет го посетиле музејот, каде што во минијатурна форма можат да се видат многу светски познати знаменитости – Венецијанската лагуна во Италија, Големиот Кањон во САД и германскиот замок Нојшванштајн.

Share This Article