Background

Народниот правобранител апелира граѓаните да пријават повреди на нивното избирачко право

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија (0800 54321), на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври  и 2 ноември 2025 година).

Како што е соопштено, Народниот правобранител по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.

Исто така, за пријавување на повреди на избирачкото право, граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот на следниве телефонски броеви: Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.

- Advertisement -
Ad image

„Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation