Владата во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Направен голем чекор и со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај.
-Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците – рече Мицкоски.
Тој информира дека од годинава владата почна тековно да ги сервисира обврските кон земјоделците бидејќи се отплатени старите долгови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
