Background

НАМАЛЕНА КАЗНАТА ЗА БОКИ 13 ОД 9 НА 5 ГОДИНИ ЗАТВОР

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година.

Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години.

Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор за „перење пари“, при што во казната се засметува времето поминато во куќен притвор.

- Advertisement -
Ad image

Христина Блажевска доби условна казна затвор од една година за „перење пари“, која нема да се изврши доколку во рок од 3 години не стори ново кривично дело.

Миле Јовановски е осуден на условна казна затвор од една година и шест месеци за „перење пари“, со ист услов за неизвршување.

Правното лице „Меѓународен сојуз“ е казнето со парична казна од еден милион денари.

Со првостепената пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“ која беше донесена на 7 април 2022 година од Основниот кривичен суд беа изречени вкупно 14 години затвор за обвинетите. Бојан Јовановски доби казна од девет години за „измама“ и „перење пари“, Јасна Ерцеговиќ четири години за истите дела, Христина Блажевска една година за „перење пари“, а Миле Јовановски две години условна казна за „перење пари“ и „неовластено тргување со оружје“. Фросина Ташевска Ременски и Христина Блажевска беа ослободени од обвинението за „измама“, а правното лице „Меѓународен сојуз“ беше казнето со еден милион денари.

Во април 2024 година, првичната пресуда беше укината од Апелациониот суд Скопје кој уважи дел од жалбите на обвинетите и наложи повторување на постапката.

Апелациониот суд тогаш ја потврди ослободителната одлука за Фросина Ташевска Ременски и Христина Блажевска во делот за „измама“, а ја преиначи казната за Миле Јовановски, кој сега е осуден на една година затвор за „неовластено тргување со оружје“.

Предметот „Меѓународен сојуз“ се однесуваше на организирана криминална активност поврзана со измама и перење пари преку невладината организација „Меѓународен сојуз“, предводена од Бојан Јовановски. Обвинението се однесуваше за финансиски злоупотреби, при што се прибирале средства од физички и правни лица под изговор за изградба на старечки домови и социјални проекти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation