Background

Најниската минимална плата во Европската унија е забележана во јануари во Бугарија и изнесува 551 евро, додека највисоката во Луксембург е 2.638 евра

Најниската минимална плата во Европската унија е забележана во јануари во Бугарија и изнесува 551 евро, додека највисоката во Луксембург е 2.638 евра, покажува денеска објавеното истражување на Евростат.

Пониска минимална плата од 1.000 евра, според податоците за јануари, имаат 10 земји од ЕУ.

Покрај Бугарија, пониска минимална плати имаат и: Унгарија (707 евра), Летонија (740 евра), Романија (814), Словачка (816), Чешка (826), Естонија (886), Малта (961), Грција (968) и Хрватска која има минимална плат од 970 евра.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу 1.000 и 1.500 евра минимална плата имаат: Кипар (1.000 евра), Португалија (1.015), Литванија (1.038), Полска (1.091), Словенија (1.278) и Шпанија каде што минималната плата изнесува 1.381 евра.

Минимална плата повисока од 1.500 евра имаат: Франција со 1.802 евра, Белгија (2.070), Германија (2.161), Холандија ( 2.193 евра), Ирска (2.282 евра) и Луксембург кој има минимална плата во износ од 2.638 евра.

Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ била 4,8 пати повисока од најниската.

Разликите во минималните плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали ако се земат предвид разликите во нивото на цените во споменатите земји, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Ако ја користиме вештачката валутна единица PPS, која ги елиминира разликите во општите нивоа на цени во земјите на ЕУ, заклучуваме дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија, што значи дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ е 2,3 пати повисока од најниската.

Минималната плата на национално ниво е законски одредена во 22 од 27 земји на Европската унија, додека Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска немаат законски утврдена минимална плата.

Во Македонија последниот законски утврден износ на минимална плата е 24.379 денари (396 евра) што е за 155 евра пониска од најниската во ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation