Најмалку три лица се тешко повредени, а други се здобиле со полесни повреди кога автомобил се забил во група луѓе во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата. Според Дојче Веле, возачот на автомобилот е уапсен, изјави портпаролот на полицијата.
Според првичните информации, „мерцедесот“ удрил во група пешаци на пешачкиот премин кај трамвајската станица Олгаек. Иако првично беше објавено дека се повредени три лица, подоцна беше соопштено дека се повредени осум и дека тројца се сериозно повредени.
Спасувачите се присутни на местото на настанот за да им помогнат на повредените.
Очевидци изјавија дека тешко теренско возило удрило во жена која носела количка. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат уништена количка на трамвајските шини.
Сè уште не е јасно дали возачот намерно удрил во пешаците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
