Најмалку 5 лица загинаа, а 35 се повредени вечерва во серија експлозии во Кабул пред стапувањето во сила на прекинот на огнот со Пакистан, соопшти италијанската невладина организацијац(Emergency).
Организацијата управува со болница во авганистанскиот главен град.
– Почнавме да примаме амбулантни возила полни со ранети и откривме дека има експлозии на неколку километри од нашата болница – изјави Дејан Панич, лекар и директор на невладината организација во Авганистан.
Според него, „пристигнале четириесет лица, вклучувајќи жени и деца“ од кои петмина биле донесени мртви.
Пакистан и Авганистан денеска постигнаа договор за воспоставување привремен прекин на огнот во траење од 48 часа, почнувајќи од денес во 18 часот по локално време во Пакистан, објави Исламабад, откако избувна нов конфликт меѓу соседите.
Двете земји ќе вложат искрени напори, преку дијалог, да најдат позитивно решение за комплексното, но решливо прашање, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.
Портпаролот на авганистанската администрација изјави дека на барање на пакистанската страна, прекинот на огнот меѓу двете земји ќе стапи на сила по 17:30 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
