Најмалку 42 луѓе загинаа во синоќешната сообраќајна несреќа во планински регион во северниот дел на Јужна Африка. Автобус полн со патници излета од патот во планински предел и се преврте.
Несреќата се случила во близина на градот Луис Тричарт. Автобусот превезувал патници од Зимбабве и од Малави.
Локалните власти не соопштија колку лица се повредени во сообраќајната несреќа.
Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и 7 деца. Тој рече дека „ова не е само трагедија за земјата, туку и за нашите сестрински држави Зимбабве и Малави“.