Палестинската цивилна одбрана утринава соопшти дека во израелските напади во Појасот Газа загинале најмалку 17 лица. Во напад на училиште во градот Газа, за кое се верува дека се сместени раселени лица, загинаа 11 лица, а 17 беа ранети.
Меѓу загинатите има жени и деца, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.
Четири лица загинаа кога израелската армија цели на куќи во источниот дел на Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана.
Во напад на куќа во Џабалија, на север, едно дете загина, а едно лице е убиено во напад на Кан Јунис.