Најкритично е во кожарската и во текстилната индустрија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март лани е намален за 4,3%, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5% на бројот на работниците во секторот „преработувачка индустрија“, од 2,1% во „рударство и вадење на камен“ и за 1,8% во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

Најголем пад на бројот на работници од 14,7% има во кожарската индустрија. По неа е текстилната индустрија со пад од 11,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил кај Енергија за 2,8%, кај  Капитални производи за  7,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1%, а се зголемил за 13,4% кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Share This Article