Најавен можен недостиг на гас поради ремонт на гасоводот „Турски тек“

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За околу 66.000 активни потрошувачи во Скопје од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона, но дали токму на почетокот од сезоната граѓаните ќе се соочат со рестрикции поради недостиг на гас е прашање кое треба да го одговорат од операторот за пренос на гас НОМАГАС.

Прашањето за рестрикции го најави денеска преку соопштение АД ЕСМ во кое сооопшти дека официјално од среда почнува грејната сезона.

Компанијата информира и дека систем операторот за пренос на гас НОМАГАС ги информирал дека оваа година поради ремонт на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот „Турски тек“ се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.

– Очекуваме расположливите количини на гас во преносниот систем да бидат доволни за обезбедување квалитетна испорака на топлинска енергија, согласно надворешните температурни услови. Сепак, доколку во преносниот гасоводен систем со кој управува НОМАГАС не се обезбедат соодветни количини, можни се незначителни редукции на испораката на топлинска енергија кои нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, и тоа само во периодот од 15 до 17 октомври – велат од ЕСМ.

Пред една недела и Регулаторната комисија за енергетика ја кажа истата информација со образложение дека НОМАГАС има можност да ги наполни цевките со гас за да има непречено снабдување во периодот од 13 до 17 октомври додека трае ремонтот.

– РКЕ потсетува дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испорака, операторот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија – велат од РКЕ.

Плусинфо испрати прашања до НОМАГАС, но и по поминати неколку дена не доби одговор дали ќе има некаков прекин на снабдувањето со гас.

ЕСМ во денешното соопштение ги потсетува граѓаните кои се приклучени на парно дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури.

– Според правилата, во октомври и во првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува. При точно утврдени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, испораката на топлинската енергија се прекинува, односно системот се исклучува. Веднаш по падот на температурите под утврдените гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Со ваквиот начин на регулирана испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на потрошувачите – појаснуваат од ЕСМ.

- Advertisement -
Ad image

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2025 и завршува на 15 април 2026 година. Снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06.00 до 22.00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

Со парно во Скопје се греат околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 домаќинства и над 1.000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и основни училишта и детски градинки.

Share This Article