На просторот на поранешното стрелиште ќе создадеме нова урбана населба за домување, вели Иван Гоцевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Делчево.
– Нови брачни парови ќе може да добијат плацови по субвенционирани услови, за да изградат свој сопствен дом. Новата улица помеѓу улиците Маршал Тито и Осми септември, како и новиот мост на река Брегалница, значително ќе ја подобрат проточноста на сообраќајот во овој дел од Делчево – вели Гоцевски во видеообраќање.
Нудиме одржлив развој врз основа на точно утврдени цели – точно тоа му е потребно на Делчево, додава Гоцевски.