На 82-годишна возраст, во понеделникот, почина поетот и културен работник, Благој Самоников

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 82-годишна возраст, во понеделникот, почина поетот и културен работник, Благој Самоников.

Роден на 7 март во 1942 година, во Штип, тој е автор на повеќе поетски книги: „Големиот град“ (1982), „Погрешна претстава“ (1986), „Сомотска пустина“ (1993), „Книга без посвета“ (1999) „Патување за Итака“ (2005), „Вистини без искуство“ (2007), „Неизносена ведрина“ (2010), „Неприпитомена надеж“ (2012), „Отворена книга“ (2014), „Допрено време“ (2015), „Непроѕирна светлина“ (2016), „Песни за мали и големи деца“ (2018) и „Подземно виножито“ (2019).

Самоников најголем дел од свјот работен век го помина во Домот на културата како директор и стручен соработник. Од 2004 до 2006 година беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Комеморација во негова чест ќе се одржи на 21 февруари 2025 година (петок), во 12 часот, во малата сала на Домот на културата во Штип.

„Замина човекот кој се заложи Домот на културата во Штип да се именува ‘Ацо Шопов’, во чест на еден од најголемите македонски поети и кој ја направи оваа институција вредна за почит. Замина писателот и поет кој дишеше и живееше за убавиот пишан збор и за уметноста воопшто. Замина кон Засводеното време за кое самиот ќе рече дека е ‘единственото место на светот каде што можеш да ги пронајдеш сите работи кои некогаш во животот си ги изгубил, а никогаш не си ги имал’. Нека му е светол патот кон Засводеното време“, изразија сочувство од театарот во Штип.

Share This Article