МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 03.02.2025

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 02.02.2025 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 02.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 02.02.2025 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 02.02.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле К.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 02.02.2025 во 17.27 часот на Граничниот премин Стар Дојран, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Н.С.(25) од Република Грција. При контрола во патничко возило „шкода октавиа“ со струмички регистарски ознаки, во кое бил сопатник и при преглед кај него, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветан пријава. 

 На 02.02.2025 во 13.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(36) од Косово, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол.

 На 31.01.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје во врска со точење алкохол на малолетни лица и други кривични дела. Притоа, во еден од објектите биле затекнати тројца малолетници кои консумираат алкохол, а било извршено легитимирање на 10 лица. Од друг објект приведени се 12 лица за утврдување идентитет. Додека, во трет угостителски објект од слобода биле лишени 21 лице кои биле затекнати во објектот. Биле земени и примероци од алкохолните пијалоци кои ги консумирале малолетниците. По завршување на вештачењето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека од Државниот пазарен инспекторат ќе им бидат изречени парични казни и управна мерка затворање на објектите на 30 дена.   

 На 02.02.2025 во 23.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.Р.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

 На 02.02.2025 во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

 На 02.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Гостивар, М.Е.(57) од Гостивар пријавил дека во с.Долна Бањица бил каснат од куче скитник.

 На 02.02.2025 во 17.20 часот во ОВР Гостивар, М.С.(61) од Гостивар пријавила дека претходниот ден околу 13.30 часот, во Градскиот парк во Гостивар била касната од куче скитник. 

- Advertisement -
Ad image
TAGGED:
Share This Article