МВР – Извадок на дел од дневните настани 31.01.2025

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото.  ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.

Денеска (31.01.2025) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.01.2025 во 10.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(30) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „зораки“, муниција и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.01.2025 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, К.Г.(24) од Струмица пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Центар, М.П.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 30.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.С.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

  На 30.01.2025 во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.С.(37) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче,скопско, бил каснат од куче скитник.

Share This Article