Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел оствари средба со европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, која следи по конструктивниот и отворен дијалог воспоставен при нивната неодамнешна средба во Скопје, којашто пак постави основа за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка и политичката координација во насока на поддршка на европската интеграција на Северна Македонија.

Во разговорите беа акцентирани клучните аспекти од пристапниот процес, вклучително и имплементацијата на Реформската агенда, уставните измени, текот на подготовките за отворање на кластерите од преговарачката рамка, како и значењето на меѓуинституционалниот и меѓупартиски консензус за успешно справување со реформските приоритети. Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Европскиот парламент и ја нагласи важноста од конструктивната улога на европратениците, особено на известувачите, во зачувувањето на кредибилитетот на политиката на проширување, како клучен инструмент за европеизација на Западниот Балкан.

Во контекст на актуелните политички и регионални предизвици, Муртезани ја потенцираше подготвеноста на Владата за интензивирање на реформскиот процес, како и за одржување на отворен и инклузивен дијалог во земјата, со цел градење поширока поддршка за реализација на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија. Притоа, беше потенцирано дека процесот на уставни измени, иако комплексен, останува неопходен чекор на европскиот пат, кој бара одговорен пристап и обединување околу заедничката визија за европската иднина.

Европратеникот Вајц ја реафирмираше својата лична и институционална посветеност на поддршката на Северна Македонија на европскиот пат и ја поздрави конструктивната улога на Северна Македонија во регионалната соработка и нејзината активна вклученост во европските иницијативи, нагласувајќи ја нејзината важност како стабилен партнер на Европската Унија. Соговорниците ја реафирмираа заемната подготвеност за продолжување на интензивната комуникација и за координирани активности кои ќе придонесат за понатамошен напредок во пристапниот процес, во духот на заемно разбирање, доверба и европска солидарност.

Share This Article