За некои, морковите се ултимативна намирница кога станува збор за здравјето. Со генерации родителите им велеа на своите деца дека морковите ќе им помогнат да имаат подобар вид.
Прочитајте дали се морковите навистина толку добри за видот и какви други придобивки имаат за здравјето.
Морковите се крцкави, вкусни и многу хранливи и имаат бројни здравствени придобивки. Иако денес се познати како светло портокалова култура, оригиналниот морков од Централна Азија имал виолетово-жолта боја. Денес, морковите се користат низ целиот свет и се многу популарна храна, веројатно поради претходно споменатата висока хранлива вредност, едноставноста кога станува збор за неговата обработка и подготовка и можноста траат со месеци, пренесува Carrot Museum.
Повеќе за нутритивните вредности и здравствените придобивки од морковите, како и рецептот, побарајте на „Арт кујна“.