Топ Вести - Слушај сега
Скопје – За прв пат откако е во политиката, Венко Филипче јавно го повишува тонот. Оние што го познаваат добро знаат дека тој е човек кој мајсторски ги контролира емоциите, а уште потешко е да се изнервира – а камо ли јавно да ја покаже нервозата. Токму затоа, неговата последна реакција отвора повеќе прашања отколку што дава одговори.
Низата на лажни наводи против поранешниот министер за здравство се чини дека нема крај. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Мориц – секој ден нова приказна, секој ден нов “скандал”. Кулминацијата дојде со споредбата со Џим Џонс, убиец на 300 деца, а потоа и со обвинувањата за рекет изнесени преку д-р Жан Митрев.
“Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници”, вели Филипче, најавувајќи судски постапки против наредбодавачите и извршителите на она што тој го нарекува “јавен линч”.
Што, колку и на кому должи Жан Митрев за да изнесе вакви лажни обвинувања против Венко Филипче? Ова е прашањето кое сè погласно одекнува во јавноста.
Дали можеби обвинувањата на д-р Сашко Кедев, кој отворено зборуваше дека некои приватни болници си поигрувале со здравјето на пациенти и вршеле оперативни зафати врз здрави луѓе, се можна причина за ваквите лажни обвинувања на д-р Митрев? Не тврдиме, прашуваме.
Филипче, како лекар, вели дека не може јавно да каже што мисли за Митрев, но го предизвикува да поднесе кривична prijава ако навистина стои зад обвинувањата.
“Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат”, вели Филипче, објаснувајќи зошто власта не сака реформирано правосудство по европски стандарди.
Филипче укажува дека додека јавноста е заокупирана со “црна кампања” против него, власта молчи за вистинските проблеми:
“Видовме колку луѓе биле исплаќани преку Лотарија. Следат списоци од скоро сите министерства и за одбрана, и за надворешни работи”, предупредува тој.
“ВМРО ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам”, категоричен е Филипче. “Повторно се обидуваат да нè вратат во мракот, во времето од пред 10 години.”
Тој го критикува концептот на “конструктивна опозиција” во услови кога, како што вели, власта се среќава со “ноќни волци блиски до Путин”, а земјата е на листата на земји од третиот свет поради политиката на изолација, криминал и корупција.
Филипче завршува со јасна порака до граѓаните:
“На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа – за тоа треба да зборуваме, тоа е политика.”
Фактот дека човек познат по својата смиреност и контрола на емоциите го губи трпението, говори повеќе од илјада зборови. Дали ова е крајот на стрпливоста на Венко Филипче, или почетокот на нова фаза во македонската политичка сцена, времето ќе покаже.
Едно е сигурно – кога молчливиот проговори, вреди пажливо да се слуша.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
