Background

Мицкоски ветува стабилност, раст и без нови даноци

Инфлацијата во државата бележи континуирано намалување, а економскиот раст останува стабилен — порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот Бизнис форум што се одржа во Струмица.

– Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очекуваме во следниот период да продолжи да се намалува. Тоа е добра вест за граѓаните, бидејќи ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека очекува растот на бруто-домашниот производ (БДП) во вториот квартал да достигне околу 7,8 проценти, што, како што нагласи, ќе влијае позитивно врз буџетскиот дефицит.

- Advertisement -
Ad image

– Буџетската консолидација ќе продолжи и годинава очекуваме дефицит под 4 проценти. Нашата цел е да дојдеме под 3,5 проценти, како што е стандард во европските земји – рече премиерот.

Мицкоски категорично истакна дека нема да има зголемување на даноците, ниту на ДДВ-то, кое ќе остане на сегашното ниво од 18 проценти.

– Иако има притисоци за зголемување на старосната граница за пензија, ние донесовме закон со кој пензионерите можат да бидат повторно ангажирани и да плаќаат придонеси. Единствениот данок што ќе се зголеми е оној на профит, од 15 проценти, но само за компании кои ги исполнуваат условите поставени од ОЕЦД – нагласи тој.

Премиерот подвлече дека Владата ќе води стабилна макроекономска и промакедонска политика, и дека интеграцијата во Европската Унија останува цел, но не по секоја цена.

– Ќе ги направиме сите неопходни реформи, ќе ја спроведеме нашата агенда за развој, но повеќе нема да прифаќаме уцени и диктати како во минатото. Македонија ќе чекори стабилно, со свои одлуки – истакна Мицкоски.

Мицкоски објави дека се во тек преговори со САД за намалување на трговските тарифи за околу 80 производи, што ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании.

– Имаме голем извоз на автобуси преку поранешен „Ван Хол“ во вредност од 250 милиони долари. Ако договорот се реализира, извозот може да достигне една милијарда долари, а се планира и изградба на две нови фабрики за автобуси, од кои една може да се отвори во Струмица – најави премиерот.

Тој истакна и дека земјата е на праг на реализација на големи инфраструктурни проекти во соработка со Велика Британија.

– Веќе имаме индикативна понуда и очекуваме до есента следната година да почне реализацијата. Во годините што следуваат, се очекува инвестициски бран меѓу 4 и 5 милијарди евра – посочи Мицкоски.

Пред присутните стопанственици зборуваше и кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, кој најави формирање на економско-социјален совет.

– Нашата задача е да му излеземе во пресрет на бизнис секторот, а не да бидеме административна пречка. Ќе бидеме партнер, не пречка – истакна Јанков.

На форумот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, кои одговараа на прашања од бизнис заедницата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation