Мицкоски вели дека обвинителите и судиите мора да работат побрзо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија, испрати јасна порака до правосудните органи – нема да престане да ги критикува судиите и обвинителите сè додека не се забрза испораката на правдата и не се врати довербата на граѓаните во системот.

Говорејќи за истрагата за трагедијата во Кочани, премиерот истакна дека нема да даде квалификации во врска со случајот, со цел да не влијае на истражната постапка, но сепак не се воздржа од општа критика кон правосудството.

– Јас не би давал квалификација колку сум задоволен или не сум задоволен во овој момент, од проста причина дека била каква моја квалификација може да биде сфатена како некакво влијание. Сепак, кога претседател на Влада ќе даде некаква квалификација за одреден случај, тоа може да се смета како влијание – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека и покрај вниманието околу тоа како се толкуваат неговите изјави, нема намера да молчи за проблемите во судството.

– Не ми пречи да го сфатат она мое укорување во мојот вчерашен говор, кога кажав дека не сум задоволен од брзината на испорака на правдата во обвинителството и судството. Затоа што тоа е генерална перцепција и генерално чувство кај граѓаните – додаде премиерот.

Мицкоски истакна дека спората правда и нееднаквиот третман пред законот се меѓу најслабите точки на македонското општество.

– Тоа е сè уште слабата страна на ова наше општество, спората правда и чувството дека нема правда за сите подеднакво. И тука треба сите заедно да работиме – заклучи тој.

Share This Article