Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 62 млади луѓе.

Говорејќи на Самитот „Македонија 2025“, Мицкоски се наврати на таа мрачна ноќ, која, како што рече, засекогаш ќе ја памети.

– Беше околу 3:30 наутро кога некој затропа на вратата од мојот дом. Пред мене стоеше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Не знаев што се случува, бидејќи телефонот не го погледнав додека спиев. Кога ја видов пораката, веднаш се мобилизирав и заедно со мојот тим се упативме кон Кочани – раскажа премиерот.

Во градот веќе пристигнал министерот Тошковски, а Мицкоски заедно со него заминал во полициската станица.

Сепак, вистинската тежина дошла со носењето одлуки – особено кога почнала да пристигнува помош од странство.

– Тоа беа моменти кога требаше да се одлучи брзо, но мудро. Немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда за помош, веднаш размислувате и за политичките и за човечките последици – изјави Мицкоски.

Според него, медицинските експерти биле јасни – тешко повредените не смеат да се транспортираат, но во исто време предупредиле дека доколку останат, голем број нема да преживеат.

– Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни. Немав време за долго размислување. За неколку секунди ја прифатив понудената помош и го презедов целиот ризик на себе – нагласи премиерот.

Првите 50 пациенти биле транспортирани веднаш, а потоа, како што рече, почнала да стигнува поддршка и од други земји.

- Advertisement -
Ad image

Настанот на кој зборуваше премиерот се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје, во рамки на Самитот 2025 организиран од „Македонија 2025“.

Share This Article