Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга и дека следната есен се очекува да почне реализацијата на тој проект.
– Имавме информација преку Министерството за финансии во која имаме необрзувачки индикативна понуда која во моментот ја разгледуваме. Донесена е одлука за избор на необврзувачка индикативна понуда и во периодот кој ќе следи ќе се влезе во суштината на преговорите, договор итн. – рече Мицкоски.
Условите, посочи, кои првично ги добивме се исклучително поволни, услови кои никогаш не би можеле да ги добиеме доколку не беше гаранцијата од Обединетото Кралство.
– Во овој момент работите одат во насока во која треба да одат, како што ги планиравме. Министерството за транспорт прави физибилити студија и студија за оценка на животната средина. Тоа е процес кој трае 270 дена и треба да заврши во мај, јуни. Потоа ќе се влезе вo избор на конкурентен дијалог за изведувач на проектот и очекуваме во октомври, ноември, следната есен да почне реализацијата на овој проект – додаде Мицкоски.